aTECH
aTECH технологијата е воведена со цел дополнителна заштита на производот и осигурување на квалитетот. Таа вклучува употреба на специјална ламинирана фолија со која секој блистер со капсулите на нашиот препарат е дополнително заштитен.

Ламинираната фолија претставува апсолутна бариера за кислород, влага и светлина, кои се, поради температурата, главни причини за намалување на активноста на активниот пробиотски јазол.
Покрај ламинираната фолија, за да се зголеми стабилноста на производот, односно виталитетот на пробиотските култури, додадовме и инертен гас – азот. Инјектирањето на азот во амбалажата aTECH при процесот на пакување на производот доведува до исфрлање на кислородот од кесичката, што е посебно важно бидејќи пробиотските бактерии главно се анаеробни организми (осетливи на кислород).
Најпре, кислородот може да доведе до нагомилување на штетни метаболити кои предизвикуваат ќелијска смрт поради оксидативни оштетувања.
Инјектирањето на азотот го отстранува нежеланиот кислород и зголемува виталитетот (преживеувањето) на пробиотските микроорганизми.
aTECH технологијата гарантира декларираниот број на пробиотски ќелии и по истекот на рокот на траење, што е посебно важно за ефикасноста на препаратот.