Употреба
Дозирање
Возрасни и деца постари од три години: 1 капсула / кесичка на ден.
Време на употреба
Нема ограничување. Сосема безбеден, може да го користат бремени жени и доилки.
Напомена
- Додатоци во исхраната не се замена за урамнотежена исхрана.
- Препорачаните дневни дози не смеат да се надминат.
Одредени групи на луѓе се почувствителни на микробни инфекции, вклучувајќи ги и пробиотиците. Се препорачува овие групи на луѓе да се консултираат со својот лекар пред да земаат пробиотски додатоци. Тоа се следните групи на пациенти: пациенти со централен венски катетер и хируршки пациенти во период на опоравување, веднаш по операцијата; луѓе со крвава дијареа; имунокомпромитирани и имуносупримирани лица, вклучувајќи пациенти со хемотерапија и пациенти со алографт.
Flobian ги решава сите симптоми на раздразливо дебело црево: гасови во стомакот, надуеност, неправилна столица.
Индикации и контраиндикации
Не постојат познати интеракции и контраиндикации.
Ако Flobian® се користи со антибиотици, треба да се зема најмалку два часа пред или два часа по употребата на антибиотици.